Донесена е голема одлука на „Олд Трафорд“: По две досадни сезони, време е за промена

Грото од медиуми на Островот денеска изнесоа информации дека Ерик Тен Хаг и дефинитивно добива отказ од Манчестер Јунајтед.

Резултатите се разочарувачки и под секое ниво, Јунајтед го има најслабиот резултат во пост Ферги ерата, дури го влошија и скорот на Дејвид Мојс сезоната 2013/14, кога Јунајтед заврши на седмата позиција, сега се позиција подолу.

Последен во низата медиуми кој најави заминување на Тен Хаг е „Гардијан“, кој пишува дека бордот на Јунајтед на чело со Сер Џим Ратклиф, донеле одлука дека треба да се разделат со холандскиот стратег, кој не задоволи.

Без оглед на тоа како и да заврши утрешното финале од ФА Купот, Јунајтед решиле дека е време за разделба и доаѓање на ново тренерско име со кое ќе се обидат да го вратат загубениот сјај на европска и домашна сцена.

Според „Гардијан“, потенцијални имиња како наследници на Тен Хаг се Томас Тухел, Маурисио Покетино и Киран МекКена.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО