Клубовите од англиската Премиер лига се во полн замав со подготовките за новата сезона, а САД повторно се покажуваат како популарна дестинација. Преку океанот се одржува второто издание од Летната серија на Премиер лигата, а натпреварите од првото коло веќе се одиграа.
Оваа година, во турнирот учествуваат Манчестер јунајтед, Вест Хем, Евертон и Борнмут. На стартот, до победи стигнаа Манчестер јунајтед и Борнмут.
„Црвените ѓаволи“ триумфираа над Вест Хем со 2:1 на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, предводени од инспирираниот Бруно Фернандес. Португалскиот репрезентативец беше стрелец на двата гола – првиот од пенал во петтата минута, а вториот во 52-та минута. За Вест Хем, почесниот погодок го постигна Џаред Бовен во 63-та минута.
Многу поубедлив настап имаше Борнмут кој го декласираше Евертон со 3:0. Резултатот беше отворен во 55-та минута преку Билинг. Четири минути подоцна, Уатара го зголеми водството, а во 69-та минута Абу Аџеи ги постави конечните 3:0.
Натпреварите од второто коло ќе се играат в среда навечер, кога ќе се сретнат Манчестер јунајтед и Борнмут, додека дуелот меѓу Евертон и Вест Хем е закажан за четврток.