Пак скандал во белиот спорт: Суспендирани петмина играчи!

Тениската антикорупциска програма (TAКП) и ИНтернационалната тениска единица за интегритет (ИТИА) суспендираа петмина тенисери поради местење натпревари.

Суспендирани се Еквадорецот, Иван Ендара, Мексиканците, Маурисио Ресендиз и Раул Исаис Росас-Заур, Иван Арамбуру Контрерас и неговиот брат Аитор .

Ендара, Ресендиз и Росас Зарир добија пет години забрана за настап, со парична казна од по 15.000 долари.

Аван Арамбуру Контрерас помина лку подобро и суспендиран е до март 2026 година, со помала парична казна од претходните три. Неговиот брат Аитор ќе биде надвор од терените до крајот на следната година, а ќе треба да плати и казна од околу 10.000 долари.

Осомничените го признале делото и ја прифатиле договорената казна. Сите тие се откажаа од правото да бидат сослушани пред независен службеник на Антикорупциската програма.

„Сите обвинувања се однесуваат на натпревари одиграни во 2017 и 2018 година и се однесуваат на местење резултати, незаконско обложување и примање пари за да не се игра на најдобар можен начин, но и за тоа дека се’ не било пријавено“, се вели во соопштението на ИТИА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО