Нов рекорд: Халанд е првиот кој постигнал по 5 гола на меч во ЛШ и во ФА Купот

Ерлинг Халанд имаше уште еден импресивен настап за Манчестер Сити откако постигна пет гола во победата на „граѓаните“ со 6-2 над Лутон во нивниот натпревар од осминафиналето на ФА Купот.

Норвежанецот стана првиот играч кој постигнал 5 или повеќе голови на по еден натпревар во Лигата на шампионите и ФА Купот. Во 2023 година, во осминафиналето на Лигата на шампионите, Халанд постигна пет гола против РБ Лајпциг во победата на Сити со 7:0, а вчера исто толку гола постигна и на мечот од ФА Купот на гости кај Лутон.

Оваа сезона, Норвежанецот веќе има 27 гола на 30 настапи во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО