Кари го повтори антирекордот од пред 12 години

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари, не постигна ниту еден поен во првото полувреме на гостувањето кај Вашингтон Визардс во синоќешната победа на својот тим од 123:112.

Според статистиката, ова на Кари му се случува првпат по цела деценија, откако последен пат не успеал да постигне кош цело прво полувреме на меч од регуларниот дел од сезоната на 23 ноември 2012 година, тогаш на меч со Денвер Нагетс.

Оваа сезона Кари има просек од 27,5 поени по натпревар, 4,2 скока и 5,1 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО