Британскиот возач во Ф1, Ландо Норис, не жали дека со потпишувањето на новиот договор со Мекларен, испадна од листата на претенденти за место во Мерцедес.
– Среќен сум и задоволен. Да, можев да почекам, имав избор и потенцијални нови можности.Така да не, не се каам за ништо’ – вели Норис.
– Главната работа е што уживам во мојата работа, поминувајќи време со момците. Тоа е важен дел од мојот живот. Сакам да уживам во работата и тоа е случај сега. Во исто време, мислам дека се уште сме далеку зад Ред Бул и Ферари. Значи, ни претстои многу работа – изјави Норис.