Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, во 87. минута од возвратнито дуел го воскресна Реал Мадрид во полуфиналето, со грешката која ја направи и подоцна им овозможи и да победат и да се пласираат во финалето.
Се беше добро за Баерн Минхен до таа 87. минута, но една испуштена топка и Реал се врати во егал, а минути подоцна постигна и гол за победа.
Мануел Нојер беше видно разочаран поради неговиот кикс, а сега во ијзава тврди дека проблем била тревата на стадионот „Бернабе“, која не била добро истрижена.
– Морам да потенцирам дека очекував отскок на топката на друг начин, повеќе кон моите гради. Отиде малку повеќе од тоа, затоа што не очекував дека ќе има таква нерамнина во тревата, порача Мануел Нојер.
Томас Тухел по натпреварот застана во негова одбрана, не сакаше да впери прст кон ниту еден негов поединец, па рече дека поразот повеќе се однесува на една тимска игра, отколку на поединци.