(ВИДЕО) НХЛ: Овечкин повторно со над 20 гола во сезона, паѓа рекордот на Грецки!

Ѕвездата на Вашингтон капиталс, Русинот Алекс Овечкин (38) е во потера по најефикасниот во канадско/американската хокеарска НХЛ лига на сите времиња, легендарниот Канаѓанец, Вејн Грецки.

Грецки, кој играше од 1979 до 1999 година, води со 894 голови во регуларниот дел од сезоната. Овечкин, кој минатата сезона го мина Горди Хау и се искачи на второто место, има дадено 843 гола, и за соборување на рекордот потребни му се уште 52. Тој има договор со Капиталс на уште две години.

На последниот натпревар Вашингон – Калгари 5:2, Овечкин даде два гола, вкупно 21 сезонава. Со првиот гол тој се израмни со Брендан Шанахан на второто место со дадени 20 гола во последователни сезони (19).

Најефикасните 20 играчи на сите времиња во НХЛ имаат над дадено над 600 гола. Сите се во хокеарската „Куќа на славните“, освен Овечкин и Чехот, Јаромир Јагр.

На листата се: Вејн Грецки, 894 гола на 1.487 натпревари, Алекс Овечкин, 843 (1.411), Горди Хау, 801 (1.767), Јаромир Јагр, 766 (1.733), Брет Хал, 741 (1.269) итн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО