Неверојатни бројки: Втората лига на Германија погледана од Бундеслигата!

За првпат натпреварите од втората германска фудбалска лига (Бундеслига 2) привлекоа повеќе гледачи на стадионите отколку натпреварите од елитната прва лига,(Бундеслига 1)!

Според магазинот „Кикер“, деветте натпревари од 22. коло од Бундеслига 2, ги следеле 284.643, а деветте натпревари во Бундеслигата 1, 261.099 навивачи.

Најгледан меч од претходното коло беше дуелот меѓу двата тима од долниот дом на табелата во Бундеслигата 2, Шалке – Визбаден (1:0) што го следеле 60.542 гледачи.

На второто место според гледаност, исто така второлигашки меч, е меѓу Херта и Магдебург (3:2) што го гледале 52.652 гледачи од трибините на Олимпискиот стадион во Берлин.

Најгледан натпревар во Бундеслигата 1 беше натпреварот Келн – Вердер (0:1) кој се одигра пред 50.000 луѓе.

Една од причините за ваквите бројки секако е фактот што бундеслигашките гиганти, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен играа на гостински терен.

Сепак, според просечната гледаност, Бундеслигата 1 е погледана, со просечни 39.068 наспроти 28.358 гледачи во Бундеслигата 2.

Рекорден број гледачи на натпреварите во Бундеслигата 1 имаше во 33. коло во сезоната 2009/10, 485.210 гледачи. Второлигашки рекорд според гледаност е забележан во шестото коло од оваа сезона, 297.163 гледачи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО