Неверојатен рекорд на Баер Леверкузен

Баер Леверкузен во победата против Вест Хем (2:0) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа постави необичен рекорд. Од тимот што го започна натпреварот кон голот на англискиот тим, удар единствено не упати голманот Храдецки.

Останатите десетмина кон голот на Вест Хем упатија 29 шута: Шик пет, Џака и Адил по четири, Тапсоба, Паласиос по три, Грималдо, Фримпонг и Вирц по два, Станишиќ еден.

Целиот тим на Вест Хем одговори со еден удар.

Леверкузен ја продолжи серијата без пораз на 42 натпревари во сите натпреварувања: во Бундеслигата 28, Купот на Германија пет и Лига Европа девет. Во таа серија остварија 37 победи и пет пати одиграа нерешено, со гол разлика 118:31.

Последниот пораз Леверкузен го претрпе на 27 мај 2023 година од Бохум (0:3) во последното коло од минатиот шампионат.

Европскиот рекорд, сметајќи ги домашните и меѓународните натпреварувања, од основањето на Купот на шампионите во 1955/56 година, го постави Бенфика со серија од 48 натпревари без пораз меѓу 1963 и 1965 година.

Леверкузен може да одигра уште десет натпревари до крајот на сезоната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО