Неверојатен подвиг на Шпанецот; не знае за пораз една година

Капитенот на шпанската репрезентација и ѕвездата на Манчестер сити, Родри (27) зад себе има неверојатно постигнување. Еден од главните адути на менаџерот, Пеп Гвардиола нема загубено натпревар за клубот или за репрезентација една година!

Последниот пораз на Родри беше во дресот на Шпанија, од Шкотска во квалификациите за Европското првенство (ЕП) на 28 март минатата година. Оттогаш па до денеска Манчестер сити и Шпанија се непоразени на натпреварите на кои играше Родри.

Шпанија неодамна загуби од Колумбија во пријателскиот натпревар, но селекторот Луис де ла Фуенте на тој меч го одмораше Родри. На следниот натпревар тој играше и со два гола беше најдобар играч во ремито со Бразил.

Во периодот без пораз, Родри со Сити ги освои Лигата на шампиони (ЛШ), Премиер лигата, ФА купот, Суперкупот на УЕФА и клупското Светско првенство (СП).

Некои истакнуваат дека тој го загуби „Комјунити шилд“ мечот, од Арсенал, но тој натпревар заврши нерешено по 120 минути игра и официјално не се смета за пораз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО