Нема враќање во Европа: Нејмар има две опции за иднината

Иднината на бразилскиот фудбалер Нејмар е под голема неизвесност, бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од 2025 година.

Иако се шпекулираше за можен трансфер во европски клубови, како што е Серија А, се чини дека ништо нема да се случи од неговото враќање на Стариот континент. Според каталонскиот медиум „Спорт“, Нејмар има две опции:

1.Продолжување на договорот со Сантос и останување во Бразил.

2.Трансфер во МЛС лигата, каде што би го носел дресот на Интер Мајами, тим во кој играат неговите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез.

Нејмар има желба да учествува на Светското првенство 2026, но за тоа ќе му биде потребен континуитет и сериозен фудбал. Иако сакаше да се врати во Европа, не постои интерес за неговите услуги на Стариот континент.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО