Некогашниот тренер на Мајнц седна на клупата на Унион Берлин

Германскиот бундеслигаш Унион Берлин денеска објави дека Бо Свенсон е нов тренер на тимот. Претседателот на клубот Дирк Зинглер изјави дека Свенсон е назначен за нов тренер кој треба да отвори едно ново поглавје во тимот кој се спаси од испаѓање оваа сезона.

-Во тесна консултација со Оливер Рунерт и Хорст Хелд, се одлучивме за нов спортски почеток ова лето, и убедени сме дека Бо Свенсон добро одговара за нашиот клуб, изјави претседателот на У. Берлин. Бо Свенсон е без клуб откако го напушти Мајнц во ноември 2023 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО