Неименуван клуб понудил 80 милиони евра за Рафиња

Во екот на финансиските тешкотии во кои се наоѓа Барселона, на „Камп Ноу“ пристигна понуда која многу добро може да им го „олесни“ животот на Каталонците.

Весникот „Спорт“, објави дека Барселона добила понуда вредна 80.000.000 евра од неименуван клуб од Саудиска Арабија за бразилскиот репрезентативец Рафиња.

 

Ако се земе предвид дека крилниот напаѓач пред две години пристигна од Лидс за сума од 57.000.000 евра, јасно е дека ова е идеална можност за „блауграна“ да заработи од продажбата 27-годишниот фудбалер.

Доколку траснферот се случи, Барселона значително ќе го растовари и буџетот за плати. Годишната плата на Рафиња изнесува 5.500.000 евра.

Проблем за Барса е што Рафиња не сака да ја напушти Европа бидејќи сака да ја освои Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО