Адриен Рабио подготвен да се врати во игра

Адриен Рабио ќе се врати во составот на Јувентус за натпреварот против Џенова во 29. коло од Серија А, соопштија од клубот. Играчот од средниот ред се повреди во средината на февруари. Тој се здоби со повреда на палецот на левата нога.

„Не може да игра 90 минути бидејќи само еднаш тренираше со тимот, но неговото враќање во групата е добар сигнал“, коментираше тренерот на „бјанконерите“ Масимилијано Алегри на својата прес-конференција.

Рабио беше вклучен и во составот на Франција за пријателските натпревари против Германија и Чиле на крајот на месецот.

Јувентус сега е на третото место на табелата зад Интер и Милан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО