НБА лига: Објавени трите најдобри петорки. Само еден Американец во првата!

Објавени се најдобрите три петорки во НБА лигата. Првата многу наликува на ланската, а единствената разлика е што во неа се врати Никола Јокиќ, место Џоел Ембид, кој сезонава не влезе во ниту една од трите петорки. Во првата петорка има само еден Американец, Џејсон Тејтум од Бостон.

Треба да се каже дека сезонава за прв пат немаше гласање по позиции, па на пример, во иста „топ“ петорка можеше да има пет центри, но тоа не се случи. Најмногу гласови добија Јокиќ и Шај Гилџес-Александер, кои сите што гласаа ги вклучија во првите пет.

Прва петорка: Јанис Антетокунмпо (Милвоки), Лука Дончиќ (Далас), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома Сити), Никола Јокиќ (Денвер), Џејсон Тејтум (Бостон)

Втора петорка: Џејлен Брансон (Њујорк), Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Кевин Дурент (Феникс), Ентони Едвардс (Минесота), Кави Ленард (ЛА Клиперс)

Третата петорка: Девин Букер (Феникс), Стивен Кари (Голден Стејт), Тајрис Халибартон (Индијана), Леброн Џејмс (ЛАЛејкерс), Домантас Сабонис (Сакраменто)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО