Повеќе од 30.000 луѓе потпишаа онлајн петиција со која бараат повторување на натпреварот Шпанија – Германија (2:1) на Европското првенство (ЕП).
На тој четвртфинален меч Шпанија по продолженија ги елиминира домаќините од ЕП, но за една спорна ситуација од 106. минута се’ уште се дебатира.
Со таа победа Шпанија стана првиот полуфиналист на ЕП, Дани Олмо погоди за 1:0 во 51. минута, а Флоријан Вирц во 89-та обезбеди продолжение за Германците, во кое Микел Мерино погоди на асистенција од Олмо во 119. минута.
Домаќините беа бесни на арбитражата на Англичанецот Ентони Тејлор поради ситуацијата во 106. минута кога ударот на Џамал Мусиала во шеснаесетникот Марк Кукурела го сопре со рака.
Очигледно е дека топката што ја шутиреше Мусиала одеше во рамката од голот и дека раката на Кукурела е одвоена од телото, но судијата Тејлор „не го виде“ тоа,а ВАР судијата Атвел по кратка проверка му сигнализираше на Тејлор дека натпреварот може да продолжи.
Многумина мислат дека се’ ќе беше поинаку доколку Германија добиеше шанса да изведе удар од белата точка. Еден од нив пред три дена орфганизираше петиција на интернет страницата ченџ.орг (change.org). Таа петиција со која се бара преигрување на натпреварот, потпишана е повеќе од 350.000 пати.
По натпреварот, Роберто Розети, шефот на судиите на УЕФА, изјави дека раката на Шпанецот е во природна положба, што значи дека судиите правилно ја процениле ситуацијата.
Петицијата, се разбира, ќе биде залудна. Германија се збогуваше од ЕП, а Шпанците за финалето утре ќе играат со Французите…