И покрај тоа што Жозе Мурињо веќе не е член на стручниот штаб на Рома, навивачите на клубот од Рим, го почитуваат и тоа синоќа го докажаа на мечот против Верона.
Многу се скандираше името на португалскиот стратег, а можеше и да се види по некој банер на трибините, на кои пишуваше во афирмативни ноти за Португалецот, во знак на благодарност и поддршка за неговото продолжение на кариерата.
Но Жозе деновиве се уште е во Рим, а дел од навивачите на Рома го препознаа на улица и направија со него селфи фотографија.
Многу се шпекулира со идниот чекор на Жозе Мурињо, се најавуваше трансфер во Барселона, или евентуално Њукасл, но последните најави се дека тој деновиве ќе лета кон Саудиска Арабија, каде што го чекал на маса максимално богат договор со некој тим за кој се уште не се открива.
Се верува дека тајниот клуб со кој што преговарал Жозе Мурињо е Ал Шабаб, од каде му го понудиле брутално највисокиот тренерски договор во историјата на фудбалот кој некој тренер би можел да го добие.