Навивачите на Риека го нападнале Адеми по дербито на „Максимир“

По вчерашното дерби во хрватскиот шампионат, во кое Динамо ја победи Риека со 1:0, навивачите на гостинскиот тим го нападнале македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и неговото семејство.

Хрватските медиуми пишуваат дека инцидентот се случил половина час по завршувањето на мечот.

Капитенот на Динамо, по натпреварот дошол да ги поздрави сопругата и синот пред микс-зоната, но бил дочекан со навреди од навивачката група „Армада“ на Риека.

Тој им возвратил, по што некои од навивачите почнале да фрлаат столчиња кон него. За среќа, брзата интервенција на редарите спречила поголем инцидент.

По натпреварот избувнал конфликт меѓу „Армада“ и домашните навивачи „Бед блу бојс“ при што летале шишиња, факели и други предмети

Наводно, мала група „Бед блу бојс“ се обиделе да ја нападнат „Армада“, која возвратила, но полицијата интервенирала и ја смирила ситуацијата. За среќа се’ минало без повредени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО