Симпатизерите на Ливерпул нема да ги носат традиционалните знамиња на трибината „Коп“, на утрешниот натпревар во Лига Европа (ЛЕ) против Аталанта во знак на протест поради поскапувањето на билетите, пренесува „Скај спортс“, повикувајќи се на информации од навивачката група на „црвените“.
Клубот минатата недела објави дека сезонските билети следната сезона ќе поскапат за два насто
– Многу сме разочарани од одлуката на клубот во врска со цените на билетите за сезоната 2024/25. Како одговор на тоа, на натпреварот во четврток ќе нема знамиња на „Коп“. За разлика од клубот, нашата одлука ја донесовме во консултација со сите навивачки групи. Клубот се’ уште има шанса позитивен дијалог со претставниците на навивачите, порачаа од навивачката група на Ливерпул.