ЛШ: Засилени мерки за безбедност и за вечерашните средби

Илјадници тешко вооружени полицајци ги обезбедуваат стадионите за првите четвртфиналните натпреварите во Лигата на шампиони (ЛШ), по заканите од т.н. Исламската држава (ИСИС).

Властите во Шпанија, Франција и во Англија на заканите nодговорија со зголемени патроли и со проверки на документи и на багаж. Во Мадрид над 2.000 полицајци синоќа ја исполнија целата населба околу стадионот на Реал Мадрид. Иста ќе биде сликата и вечерва, на мечот Атлетико – Борусија Дортмунд.

Париз најави дополнителни безбедносни мерки за вечерашниот натпревар ПСЖ – Барселона. Утрово полицијата дислоцираше паркирани автомобили околу стадионот „Парк на принцовите“  поставуваше бетонски блокови. Високи полициски службеници ги водеа безбедносните операции, пренесува Ројтерс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО