Навивачите бесни: Ги бркаа алжирските играчи пред хотелот

Фудбалската репрезентација на Алжир испадна од Африканскиот куп на нации, а тоа предизвика голем гнев кај навивачите.

Алжир заврши на последното место во групата со Мавританија, Буркина Фасо и Ангола со само два бода, а по дуелот од последното коло и поразот од Мавританија, репрезентативците мораа да бегаат од навивачите пред хотелот.

Навивачите ја чекаа репрезентацијата пред хотелот, викаа, ги навредуваа играчите, бараа оставка од селекторот Џамел Белмади, кој прв со членовите на стручниот штаб излезе од автобусот и истрча кон хотелот.

Екипата цело време беше придружувана од обезбедување, но и покрај тоа навивачите во еден момент се упатија кон самиот хотел.

Меѓутоа, таму биле запрени кога се обиделе да влезат во хотелот, а играчите успеале да се пробијат на безбедно.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО