Натпреварот Србија – Англија собори негативен рекорд: Ова не се случило од 1980 година!

Србија беше поразена од Англија со 0:1 во првиот натпревар од групата Ц на Европското првенство (ЕП) во фудбал, а на тој дуел беше забележан своевиден негативен рекорд.

На почетокот од натпреварот Англичаните имаа иницијатива од една од ретките прилики, успеаја да ја затресат мрежата на Србија, а потоа се повлекоа во одбрана. Од друга страна Србија напаѓаше, создаваше прилики, но не даде гол.

Натпревар го одбележаа и исклучително малиот број удари кон противничкиот гол, што го забележаа статистичарите кои објавија дека за 44 години не биле видени толку малку удари.

– Тоа не беше натпревар за неутрални навивачи, со вкупно 11 удари, шест беа за Србија и пет за Англија. Таа бројка е најниска забележана на Европско првенство, помала од сите други 322 меча во натпреварувањето од 1980 година, па досега, објави Аналист.ком (theanalyst.com).


 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО