Натпреварот Сент Паули – Лајпциг одложен поради снег, неизвесни уште два дуели

Натпреварот од Бундеслигата меѓу Сент Паули и Лајпциг, кој требаше да се игра в сабота, е одложен поради обилен снег и мраз на теренот на стадионот во Хамбург, соопшти денеска Германската фудбалска лига.
Германија е погодена од обилни снежни врнежи и температури под нулата во последните денови, кои се очекува да продолжат и во текот на викендот. Фудбалската сезона во Германија продолжува овој викенд, откако заврши тринеделната зимска пауза.

– Одговорните лица на стадионот Милернтор го затворија објектот по консултација со локалните власти. Ова се должи на обилните снежни врнежи и мраз низ целиот стадион и поврзаните безбедносни ризици за сите учесници на денот на натпреварот, како и критичната општа ситуација во Хамбург. Наскоро ќе биде објавен нов датум за натпреварот, соопшти Бундеслигата.
Под знак прашалник е одигрувањето и на дуелите Унион Берлин – Мајнц 05 и Вердер Бремен – Хофенхајм.

ФОТО: Фејсбук

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО