Наскоро серија за Мурињо на Нетфликс: Ќе видите дека сум потполно луд!

Жозе Мурињо демантираше дека преговара со Њукасл, рече дека не мисли оти Рома бара нов тренер зад неговиот грб, откри дека не е сигурен дали имал понуда да ја преземе репрезентацијата на Бразил и потврди дека на Нетфликс наскоро ќе се емитува серија за него.

-Во неа ќе откриете дека сум потполно луд, опиша тој што ќе следува.

Португалскиот стручњак е под договор со Рома до крајот на сезоната, а преговорите за продолжување се’ уште не се почнати. Рома не сака да зборува за тоа и тврди дека се’ мора да се реши зад клупските четири ѕида. Дури потоа ќе излезат во јавноста со информации.

Во меѓувреме, Мурињо се поврзува со други работни места. Се споменуваше можноста за преземање на Премиерлигашот Њукасл, но и на бразилската репрезентација.

-Не знам дали е точно тоа за Бразил бидејќи не сум разговарал директно со никого. Му реков на мојот агент дека не сакам да влегувам во преговори се’ додека Рома не одлучи дали останувам или заминувам. Мислам дека Рома не преговара со други тренери. Се’ уште не сум потпишал со Рома, но му дадов збор на клубот. За понудите што ќе ги добијам прво ќе го известам претседателот, истакнува Мурињо..

Следната недела ќе почне да се емитува серијата за Муруњо на Нетфликс. Во неа е опфатена целата негова кариера.

-Таму има работи што никогаш никому не сум ги кажал. Во таа серија ќе откриете дека сум целосно луд, вели Мурињо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО