Дончиќ брилјира, по седми пат сезонава даде над 40 поени

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар и ги предводеше Далас маверикс до убедливата победа над Портланд трејлблејзерс, 126:97.

Дончиќ даде 41 поен, плус шест скока и пет асистенции. За словенечката суперѕвезда ова беше седми НБА натпревар сезонава на кој постигнува 40 или повеќе поени што е рекордно постигнување.

Дончиќ играше само 30 минути, но и тоа му беше доволно да го наполни противничкиот кош. Особено впечатлив беше во првото полувреме кога постигна 30 кошеви.

Одличен беше и Кари Ирвинг. Двајцата во првите две четвртини искомбинираа 52 поени или пет повеќе од целиот тим на Блејзерс. Ирвинг натпреварот го заврши со 29 поени, девет скока и пет асистенции.

Во последната четвртина не играа ниту Дончиќ, ниту Ирвинг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО