Најплатените играчи во Франција се од ПСЖ!

Во „Топ 10“ најплатени играчи во француската Лига 1 има само играчи на ПСЖ, објави авторитетниот француски весник, „Л’Екип“.

Според месечната плата што ја добиваат, на листата на 10-те најплатени играчи во Лига 1 се: Килијан Мбапе, шест милиони евра, Осман Дембеле и Маркињос по 1,2 милиони, Лукас Хернандез и Милан Шкрињар по 1,1 милион, Џанлуиџи Донарума 849.500, Марко Асенсио 831.000, Рандал Коло Муани 750.000, Ашраф Хакими 738.000 и Норди Мукиеле 700.000 евра.

Ова доволно кажува кој е кој во Лига 1 во однос на финансиите. По 26. кола во Лига 1 сезонава ПСЖ води на табелата со 59 бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО