Македонскиот ракометен тим Е.Пелистер претстави уште едно засилување за следната сезона.
Нов член на пелистерци ќе биде младиот Малик Татар, ракометар кој што доаѓа од Словенија и е најдобриот стрелец во тамошното првенство.
Словенецот се обврза на двегодишен договор со македонскиот клуб и ќе биде претставен на почетокот на подготовките за следната сезона.
Татар е петто засилување за тимот на Лино Червар за сезоната 2025/26 по Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ
„Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи.
Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер“, стои во објавата на клубот.