Во последните месеци англискиот голгетер се поврзуваше со неколку големи клубови, меѓу кои и Барселона, но Баерн Минхен веќе подготвува конкретен потег за да го задржи во своите редови.
Според информациите, баварскиот гигант уште во август ќе ги започне преговорите со Кејн за потпишување нов договор.
Раководството ќе му претстави нови договорни услови, со цел што побрзо да биде постигнат договор и да се стави крај на шпекулациите околу неговата иднина.
Конечната одлука нема да биде само во рацете на Баерн.
Последниот збор ќе го има самиот Хари Кејн, кој заедно со своето семејство ќе одлучи дали ќе ја продолжи кариерата во Минхен.