По веста дека Луис Хамилтон и официјално ќе вози за Ферари од идната (2025) година, се поставува прашањето кој ќе му биде тимски партнер на Џорџ Расел во иднина.
Првиот човек во гаражата на Мерцедес, Тото Волф, истакна дека воопшто нема што да му префрлува на Луис Хамилтон за оваа одлука, но дека таа дошла едноставно брзо, иако и не бил изненаден.
Од 2025 година за очекување е во Ферари да вози Шарл Леклер, бидејки пред некој ден потпиша нов договор со Ферари, заедно со Луис Хамилтон, но по последната изјава на Волф, можеби тоа и нема да биде двоецот кој ќе вози за тимот од Маранело во 2025 година.
На прашање од новинарите околу одлуката кој ќе биде новиот возач во нивниот тим од 2025 година, Тото Волф посочил дека ќе се борат тоа да бидат Ландо Норис или Шарл Леклер од Ферари.
Тешко е веројатно дека Ферари ќе му дозволи на Моначанецот да замине, бидејки во него гледаат потенцијал на долги патеки и заради тоа му врачија нов, заслужен договор, па останува една од можните опции, Ландо Норис.