Нагелсман собира материјал за анализа пред ЕП

Селекторот на репрезентацијата на Германија, Јулијан Нагелсман, беше задоволен по победата против Холандија во пријателскиот натпревар со 2:1.

Тој по мечот изјави дека собрал доволно материјал за анализа пред натпреваруте на претстојното Европско првенство (ЕП) летово во Германија.

– Ова беше потежок натпревар во споредба со претходниот, против Франција. Видовме дека Холандија има поразлични типови играчи во нападот. Ми се допаѓа како се браневме, колку бевме активни и како ја освојувавме топката. Кога ќе бидеме подобро подготвени, ќе создаваме и повеќе шанси за гол, потенцираше Нагелсман.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО