Рафаел Надал успешно го мина првото коло од Олимпијадата, добивајки го ривалот Мартон Фуксович, кој го доби со 2:1, па се пласира во второто коло и закажа пресметка со Ѓоковиќ.
Она што за Надал е најважно е дека на овој меч беше доволно фит и влегува со самодоверба во пресметката со големиот ривал кој исто така овде доаѓа по злато во Париз.
– Првиот сет беше прилично брилијантен за моето ниво на играв. Играв како што морав, потоа го загубив ритамот на натпреварот, во смисла дека престанав брзо да се движам, бев статичен.
– Не можев да го симнам неговиот добар форхенд. Стекнував се поголема самодоверба како одминуваше мечот, а потоа ми се случи голема енергија во третиот сет и победив. Единствено важно е што играм добро, порача Рафаел Надал.
Paris, 2006: 20-year-old Nadal faces 19-year-old Djokovic for the very first time
Paris, 2024: Back in the same city, 38-year-old Nadal faces 37-year-old Djokovic for a 60th time
Timeless. pic.twitter.com/WCoFhW8ubd
— Tennis TV (@TennisTV) July 28, 2024