На Ролан Гарос: Драстична казна за ненамерно удирање гледач со топче!

Францускиот тенисер, Теренс Атман казнет е со 23.000 евра, што е речиси една третина од паричната награда, откако налутено, ненамерно удрил со топче гледач на трибините на мечот од првото коло на Ролан Гарос, што го загуби. Играч кој ќе биде елиминиран во воведното коло на Ролан Гарос добива 73.000 евра.

Атман (22) чиј најдобар пласман во кариерата на 120-то место на АТП листата, откако загубил поен во четвртиот сет од мечот против Себастијан Офнер од Австрија, во неделата, силно го удрил топчето кое погодило еден навивач на теренот 12 кој е со капацитет од 492 места.

Мечот бил прекинат речиси 15 минути, додека судијата и другите официјални лица разговарале со навивачот, обидувајќи се да одлучат што да превземат против Атман. На крајот, тој добил само опомена за неспортско однесување, но без дополнителна казна.

Атман објави извинување на Инстаграм: „Овој гест не беше намерен. Те молам прости ми за мојот емоционален испад“.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО