На четвртиот ден од ЕП: Нови три меча, првиот е Романија – Украина

Денеска, на четвртиот ден од Европското првенство (ЕП) во Германија, во Минхен (од 15 часот) ќе се одигра првиот од трите натпревари, меѓу Романија и Украина. Тие се репрезентациите од групата Е, заедно со Белгија и Словачка чија средба е закажана за 18 часот, во Франкфурт.

Во третиот денешен меч, во рамките на групата Д, во Дизелдорф, од 21 часот, ќе играат Австрија и Франција.

Главен судија на натпреварот Романија – Украина ќе биде Швеѓанецот Глен Ниберг. Линиски судии се неговите сонародници Махбод Беиги и Андреас Седерквист, а четврти судија Норвежанецот Еспен Ескас. Во ВАР просторијата ќе биде Холанѓанецот Роб Диперинк.

Белгија е фаворит во групата Е, што значи дека Романија, Украина и Словачка ќе се борат за втората, односно за третата позиција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО