Францускиот фудбалер, Килијан Мбапе вчера изјави дека нема да настапи на Олимписките игри (ОИ) во Париз бидејќи неговиот нов клуб Реал Мадрид е против тоа.
Мбапе во март изјави дека сака да игра на Игрите во Париз, но бидејќи олимпискиот фудбалски турнир не е во календарот на ФИФА, клубовите не се обврзани да ослободуваат играчи.
Селекторот на француската олимписка селекција, Тиери Анри не го вклучи 25-годишниот Мбапе во прелиминарнио тим од 25 играчи претходно овој месец, иако ја остави отворена можноста да го вклучи.
– Позицијата на мојот клуб беше многу јасна и поради тоа мислам дека нема да учествувам на Игрите, им изјави Мбапе на новинарите пред денешниот натпревар против Австрија во групата Д на Европското првенство (ЕП) во Германија.
– Тоа е така, и јас ја разбирам ситуацијата. Му се приклучувам на нов тим во септември, така што тоа не е најдобриот начин да се почне авантурата. На францускиот тим ќе му посакам се’ најдобро. Ќе го гледам секој натпревар, се надевам дека ќе го освојат златниот медал, додаде Мбапе.
Олимпискиот фудбалски турнир почнува на 24 јули, 10 дена по финалето на ЕП, а завршува на 9 август.