И повеќе од рутински МЗТ Скопје помина низ Гостивар (96:70), за експресни (3-0) во последното четвртфинале.
Во само три одиграни натпревари МЗТ го елиминираше Гостивар во четвртфиналето на плеј-офот, и практично од вечерва моѓе да размислуваат на полуфиналето во АБА 2 лигата, каде ги чека двомечот со екипата на Спартак од Суботица (серијата стартува во среда навечер, во Скопје).
На гостувањето во Гостивар, „сино-белите“ од Скопје ги симнаа дилемите практично уште во првите десетина минути. Оние во кои се стекаа со високи (26:10).
Првата петорка на МЗТ Скопје играше само во тие десет минути (сите го прнајдоа патото до кошот на противникот), во наредните десет, дојде редо на „втората“, додека на другата страна на теренот, до поени дојдоа само двајца играчи Инграм (осум) и Слејтер (два).
Статистички погледнато, Делалиќ со 23 поени беше најефикасниот играч во победничката екипа, во која Баковиќ даде 16, а В. Стојановски уште 11. поени.
Во последниот натпревар од сезоната за екипата на Гостивар, Инграм заврши со 21.реализиран поен, враќањето на терените Митевски го одбележа со 17.поени, Вилијамс заврши со 12, а Остен со двоен ефект, изразен со 11.поени и 13.скока.
Во полуфиналето, бранителот на шампионската титула за противник ќе ја има екипата на ТФТ Моцарт, додека во другото полуфинале ќе разигруваат екипите на Работнички и на Пелистер.