Жозе Мурињо кој деновиве се активираше на клупата на Фенербахче ги негираше сите шпекулации дека сака да донесе фудбалери од неговиот претходне клуб Рома. Иако се споменуваа имињата на напаѓачите Паоло Дибала и Ромелу Лукаку – вториот играше како позајмен од Челзи, сега „специјалниот“ вели дека тоа нема да се случи.
Сакам да ги разјаснам работите 100%. Не сум заинтересиран за ниту еден играч на Рома. Нема такво нешто – нагласи Португалецот.