Според пишувањата во италијанскиот печат, најновото засилување на Рома ќе биде младиот фудбалер Дан Хајсен.
Станува збор за играч на Јувентус, момче кое има само 18 години и ќе биде на позајмица до крајот на сезоната.
Причината е што има проблеми со повреди во Рома, Смолинг не се враќа наскоро, Ндика е на Африканскиот куп на нации, па Мурињо е во големи проблеми.
Покрај сето тоа, за Рома има и буџетски лимит, само 2 милиони евра имаат право да потрошат до крајот на преодниот рок, вклучувајќи го и буџетот за плата, па ова е идеално сценарио за нив.
Овој фудбалер безмалку ја финализираше својата позајмица во Фросиноне, но сега Рома се појави и има добри шанси да го промени курсот.