Селекторот на турската репрезентација Винченцо Монтела ја објасни одлуката за тоа што го остави младиот Арда Ѓулер на клупата за резерви на вчерашниот меч со Португалија.
– Арда не можеше да игра повеќе од 30 минути без да го зголеми ризикот од повреда. Кога играте еднаш на секои четири дена, тоа е сосема поинаков спорт од тоа да играте еднаш неделно, така што ви треба ротација на играчи, изјави Монтела.