Моментот кога Алкараз заработи крајно незгодна повреда, а се играше третиот поен на мечот

Поради повреда на скочниот зглоб. Карлос Алкараз мораше да го предаде мечот од првото коло на турнирот во Рио Де Жанеиро, против Тијаго Монтеиро.

Тој всушност одигра само два поени на оваа средба, па веднаш мораше да се повлече поради повредата на зглобот која е доста незгодна.

Шпанецот незгодно згасна и го преврте зглобот, се обиде да продолжи, но на снимката се гледа како е отечен неговиот зглоб, па беше принуден да се откаже.

По натпреварот Алкараз порача дека ништо не се знае за повредата и дека физиотерапевтот не сметал дека е нешто сериозно односно дека може наскоро да се врати на терените.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО