Инѕаги знае дека ништо не е готовo: Не’ чека незгоден реванш во Мадрид

Интер одработи според договореното во првиот меч од осминафиналето против Атлетико Мадрид. Победија со 1:0, што им беше и првична идеја, да се победи со било каков резултат.

Но победникот ќе се решава во Мадрид, каде што Интер оди на доста незгодно гостување против незгоден противник.

Но како и да е, Симоне Инѕаги смета дека одработиле добро, но дека сепак, ова е само прв натпревар и дека ништо не е решено.

– Момците беа фантастични, добро подготвени, како физички, така и технички. Жалиме што можевме да постигнеме уште некој гол, но не го остваривме тоа. Не очекува тежок и интензивен втор меч во Мадрид.

– Среќен сум за голот на Арнаутовиќ, во првиот дел бевме добри, но не и во првите 10 минути од вториот дел, каде подзастанавме малку. Но потоа, беше исто како и во првиот дел, бевме добри. Добри бевме претходните 6 месеци, но клучните натпревари ви доаѓаат во март и април, од нив ви зависи сезоната. Ќе биде интересен реванш во Мадрид, порача Инѕаги.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО