Модриќ за проблемот на Хрватска на почетокот од ЕП

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, го изнесе своето видување од првиот меч во групната фаза на ЕП против Шпанија (3:0).

Шпанците едноставно беа доминантни на сите позиции и победата не им беше доведена до прашање во ниту еден момент од натпреварот.

– Денес ништо не ни одеше, не можевме да дадеме гол, а имавме шанси. Не се предававме, но во вториот дел иако не постигнавме гол, бевме нешто подобро. Топката едноставно не сакаше да влезе во голот. Мора да се прегрупираме и да видиме што понатаму.

– Знаеме дека мора да одиме на победа во преостанатите натпревари и тоа според мене е лошо. Но тоа е фудбалот, што е тука е. Имаме уште два натпревари, мора да се подигнеме и сигурен сум дека ќе ја свртеме работата во своја полза. Проблемот е што не бевме доволно агресивни против Шпанија, тоа го одреди натпреварот, порача Лука Модриќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО