Модриќ втор најтрофеен играч на Реал, му недостига уште една титула до рекордот

Хрватот Лука Модриќ (38) стана вториот најтрофеен фудбалер во историјата на Реал Мадрид по победата над Барселона од 4:1 шпанскиот Суперкуп. во Ријад, Саудиска Арабија.

За Модриќ, како и за Начо Фернандез, тоа беше 24-ти трофеј во дресот на „кралскиот клуб“, само еден помалку од рекордерите Марсело и Карим Бензема, кои имаат по 25.

Модриќ од 2012 година па досега со Реал има освоено три титули првак на Шпанија., два „кралски купа“, пет шпански Суперкупа, пет Лига на шампиони, четири европски Суперкупа и пет клупски Светски првенства.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО