Младите фудбалери до 19 години поразени од БиХ

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години го одигра првиот од двата контролни мечеви против соодветната селекција на БиХ во Скопје.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа поразени со 2:0. Првиот погодок противникот го постигна во 43. минута од средбата, кога искористи едно наше невнимание и грешка на нашиот голман. Стрелец на погодокот беше Муамер Хамзиќ.

Во 57. минути, Нико Ковач успеа да издрибла неколку наши играчи и му асистираше на Давид Чамбер кој погоди за 2:0.

Воедно тоа беше и конечниот резултат на денешната средба. Македонија на овој меч настапи со следниот состав: Љупче Џеков, Теодор Николовски, Андреј Аризанковски, Никола Величковски, Фикрет Ливорека, Димитар Данев, Лорик Мухтари, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Давор Серафимов, Лорик Каба Јакупи; Вториот меч ќе се одигра во четврток од 11.30 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО