Миши Бачуаји ги смени клупските бои, но останува во Истанбул

Белгискиот напаѓач, Миши Бачуаји, кој претходно играше за Фенербахче, стана фудбалер на Галатасарај, објави клупската прес-служба на социјалната мрежа Х. Пред да се пресели во Фенербахче напаѓачот играше и за Бешикташ!

Бачуаји (30) играше за Фенербахче од 2022 година, настапи на 75 натпревари за тимот од Истанбул во сите натпреварувања, постигна 44 гола и имаше девет асистенции.

Белгиецот во текот на кариерата настапуваше и за Стандард, Челси, Марсеј, Борусија Дортмунд, Кристал палас и за Валенсија. Цената на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 8,5 милиони евра.

Во сезоната 2023/2024, Галатасарај стана шампион на турската Суперлига, освојувајќи 102 бода, со три бода предност пред второпласираниот Фенербахче. Галатасарај има освоено 24 шампионски титули на Турција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО