Миовски постигна гол, но Абердин на пенали загуби од Селтик

Македоскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски и неговиот Абердин немаа среќа во полуфиналето на Шкотскиот Куп откакопо изведување на пеналите беа елиминирани од екипата на Селтик.

Миовски ја затресе мрежата на селтик уште во втората минута на средбата, но селтик потоа се врати со водство од 2:1, за во завршницата Абердин да постигне гол за 2:2 и продолженија.Во дополнителните 2х15 минути и двата тима погодија по еднаш, па со конечни 3:3 мечот отиде на пенали. Таму Селтик беше поуспешен и се избори за место во финалето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО