Минатиот викенд на програмата беше трката за ГН на Монако, низ тесните улички во Монте Карло, трка која заврши со победа на Шарл Леклер од Ферари, инаку домашен возач, од Монако.
На таа трка имаше доста судири низ тесните улички и еден од најуништените болиди тој викенд го имаа Ред Бул, поточно несреќниот Серхио Перез, кој трката ја заврши порано од очекуваното.
На сета среќа, немаше повредени во колезијата меѓу Нико Хулкенберг, Кевин Магнусен и Перез, но болидот му беше прилично згужван.
Во споредба со потенцијалните повреди, штетата е ништожна, но Ред Бул веќе откри дека поправката на болидот и нема да биде така евтина за нив.
– Поправката на болидот ќе не чини до три милини евра, со ограничен буџет, тоа веројатно ќе беше голем хендикеп за нас, порача првиот човек на Ред Бул по трката.
Después de esto… lo mejor es que Sergio Pérez esté de pie.
En un deporte de alto riesgo como este la tecnología es crucial para que no vemos escenas terribles en accidentes como este. pic.twitter.com/GVQc05BagG pic.twitter.com/mbitWVSysX
— Paulina García Robles (@paugr) May 26, 2024