Милевски: Очекувам да бидеме поефикасни

Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, очекува далеку подобра реализација на утрешниот пријателски меч со Црна Гора на мини подготовките во Анталија.

– Не можам да бидам незадоволен од прикажаното против Молдавија, но има работи кои мора да ги поправиме ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат на утрешниот натпревар. Ќе има промени во составот бидејќи тука сме дојдени за да го провериме потенцијалот на некои играчи на различни позиции. Овие два натпревари се токму за тоа – вели Милевски.

Има ситни проблеми со повреди, па денешниот тренинг ќе ни покаже кој ќе биде подготвен за утрешниот меч против Црна Гора. Кој и да го започне ќе биде подготвен и добро знае што треба да направи на теренот, потенцираше Милевски пред утрешниот меч што ќе започне во 18 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО