Милер не сака пензија, ќе продолжи да игра во МЛС

Искусниот Томас Милер ја продолжува својата професионална фудбалска авантура во американската МЛС лига.

Долгогодишниот капитен на Баерн Минхен се раздели со баварскиот гигант, а според пишувањата на медиумите, неговата следна станица ќе биде во САД. Иако постоеше можност Милер да стави крај на кариерата, тој сепак одлучил да продолжи со играње фудбал преку океанот.

Постојат две опции за негов ангажман. Клубот од Синсинати веќе испратил конкретна понуда за договор, додека и Лос Анџелес – тим кој има стабилни врски со Баерн – исто така покажува сериозен интерес за германскиот репрезентативец.

Милер си замина од Минхен по цели 25 години лојалност кон клубот, откако неговиот договор не беше продолжен по завршувањето на сезоната. Последниот натпревар во дресот на Баерн го одигра во четвртфиналето на Светското клупско првенство, каде баварците загубија со 2-0 од Пари Сен Жермен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО