Македонија ЃП, која оваа сезона се враќа во Првата македонска фудбалска лига, запиша победа од 2-1 над Пелистер на контролен натпревар одигран во рамките на подготовките во Охрид.
„Лавовите“ го решија мечот уште во првото полувреме, кога постигнаа два погодоци, додека тимот од Битола успеа само да намали на крајот со гол на Ристиќ од пенал во 90. минута, со што го постави конечниот резултат.